Skip to content Skip to main navigation Skip to footer

Амбасадорка на Швајцарија во РСМ Veronique Hulmann во посета на Општина Куманово

Денеска во официјална посета на Општина Куманово беше Veronique Hulmann, амбасадорка на Швајцарија во РСМ, придружувана од Аnna Ifkovits Horner, амбасадор и шеф на Евро азиската дивизија во Берн и Carin Salerno, шеф на Западнобалканската дивизија во Берн. На средбата со градоначалникот на Општина Куманово присуствуваа и секретарот на Општината, претседателката на Советот, претставници на општинска администрација, на Центарот за развој на Североисточен плански регион и ООУ Браќа Миладиновци. Беше разговарано за одличната соработка на двете страни и успешно спроведените проекти, како и за визијата и програмата на Општината за развој и унапредување на сите општествени сфери во наредниот период. Општина Куманово успешно го спроведе проектот Зајакнување на општински совети, финансиран од страна на Швајцарската агенција за развој и соработка (SDC), а имплементиран од УНДП. Преку Центарот за развој на Североисточен плански регион Општината има имплементирано 4 проекти, од кои 2 по пат на Форуми. Во рамки на проектот успешно е спроведена и адаптација на кров и столарија на ООУ Браќа Миладиновци и ООУ Крсте Мисирков.“ Главна цел на споменатиот проект е да ги заживеат Општинските совети и да ја зајакне нивната улога во локалниот триаголник на властa преку обезбедување на нови знаења за членовите на Совет, поддршка преку вмрежување на советниците од сите Општини во државата и пошироко, како и поддршка во олеснување на комуникацијата помеѓу заедницата и Советите како начин на подобрување на транспарентноста и отчетноста на локалната власт.

Врати се на врвот
WP2Social Auto Publish Powered By : XYZScripts.com
Големина на фонт
Боја на контраст