Skip to content Skip to main navigation Skip to footer

“Анализа на системот за заштита од родово базирано и семејно насилство во Североисточен плански регион”

Здружението “Национален Ромски Центар” организираше промоција на “Анализа на системот за заштита од родово базирано и семејно насилство во Североисточен плански регион, пристапност и достапност на специјализирани сервиси за помош и поддршка”. Анализата е изготвена за потребите на проектот „На патот кон ЕУ: Спречување на насилството врз жените во Република Северна Македонија”, финансиран од Фондацијата „Kvinna till Kvina”, а имплементиран од Националната мрежа против насилство врз жените и семејно насилство. Основна задача на анализата е да понуди препораки со цел унапредување на системот за заштита, поддршка и помош на жените- жртви на родово базирано и семејно насилство, преку воспоставување и финансирање на специјализирани сервиси од страна на локалните самоуправи во Североисточен плански регион. На настанот се обрати и претседателката на Совет на Општина Куманово Ивана Ѓорѓиевска.

Врати се на врвот
WP2Social Auto Publish Powered By : XYZScripts.com
Големина на фонт
Боја на контраст