Skip to content Skip to main navigation Skip to footer

Анкета-Планирање на урбана мобилност

Оваа објава е достапна и на: sqAlbanian

Почитувани граѓани на Куманово,

ДА ПЛАНИРАМЕ ЗАЕДНО!

Куманово, ги продолжува активностите за подготовка на ПЛАН ЗА ОДРЖЛИВА УРБАНА МОБИЛНОСТ-ПОУМ (SUMP). За разлика од традиционалниот пристап на планирање овој вид на планирање става посебен акцент на активното вклучување на граѓаните од самиот почеток на процесот. Оваа анкета е втора во низата чекори со кои локалната самоуправа сака да го слушне Вашето мислење, и со големо внимание да го преиспита секој Ваш предлог. ЗНАЧИ, ЗАЕДНИЧКИ со Вас, локалната самоуправа сака да ја изработи визијата на ПЛАН-от ЗА ОДРЖЛИВА УРБАНА МОБИЛНОСТ, чија имплементација ќе биде гарант за поздрав и поквалитетен живот на секој граѓанин на Куманово. Ве молиме, да ја искористите оваа прилика и да го пополните овој анкетен прашалник (што нема да Ви одземе повеќе од неколку минути), а ќе дадете мошне значаен придонес кон продолжување на процесот за урбано Куманово.

ЛИНК до анкетен прашачник.

 

Врати се на врвот
WP2Social Auto Publish Powered By : XYZScripts.com
Големина на фонт