Skip to content Skip to main navigation Skip to footer

Антикорупциска обука за единиците на локалната самоуправа и за локалните јавни претпријатија во Куманово

Денеска започна антикорупциска обука за единиците на локалната самоуправа и за локалните јавни претпријатија организирана од Центар за граѓански комуникации. На обуката учество земаа претставници од јавната администрација и општинските јавни претпријатија, а свое воведно обраќање имаше Претседателката на Советот на Општина Куманово Ивана Ѓорѓиевска истакнувајќи ја важноста на јакнењето на транспарентноста, отчетноста и интегритетот на локалните институции. Обуката ќе се спроведува два дена. Првиот ден од обуката фокусот е ставен на градењето на механизми за превенција од корупција, а во вториот ден од обуката фокусот ќе биде на подобрување на спроведувањето на јавните набавки и превенцијата од корупција.
Проектот „Заштита од корупција“ се спроведува со финансиска помош од Амбасадата на Kралството Холандија во Скопје.

Врати се на врвот
WP2Social Auto Publish Powered By : XYZScripts.com
Големина на фонт
Боја на контраст