Веб страната на Општина Куманово со висок процент на достапност за лица со попреченост

Оваа објава е достапна и на: sqAlbanian

На вчерашната реализирана тркалезната маса на тема: ,,Пристап до јавни информации за лицата со попреченост во општините во источен регион на Република Македонија’’ организирана од страна на Здружението за промоција и развој на инклузивно општество ИНКЛУЗИВА и општина Штип, Општина Куманово  заедно со општина Крива Паланка беше посочена како позитивен пример во регионот по достапност на веб страната за лица со пречки. Општина Куманово има 87% достапен сајт за лица со попреченост и активно работи на зголемување на овој процент.

На настанот беа презентирани наодите од Извештајот за пристапност на лица со попреченост на интернет страни на општините во Источниот регион на Македонија. Препораките во извештајот се насочени кон веб пристапноста и се однесуваат на начини на отстранување на бариери кои ја спречуваат интеракцијата со или пристапот до веб-страниците од страна на лицата со попреченост.

 

Врати се на врвот
Големина на фонт