Skip to content Skip to main navigation Skip to footer

Вечер на изданија на Парадигма

Во организација на Здружението за наука и култура “Парадигма” и Фондација за култура и спорт Куманово, а под покровителство на Градоначалникот и Советот на Општина Куманово, се одржа “Вечер на изданија на Парадигма”.

Во рамките на вечерашниот културен настан се промовираше Монографијата “Куманово, време во неговите времиња” од Димитар Масевски, по повод Јубилејот 500 години од постоењето на Куманово, во која е поместен историскиот развој на градов од неолитскиот период со првите градби во него па се до денеска.

Беше промовиран и специјалниот број на списанието “Корени”, Бр.53-54 “Сјајот од минатите времиња”, со најистакнати архитектонски градби од XVIII до XX век, првото урбанизирање на градов, при што се опфатени познатите згради на институциите и приватни куќи на истакнати Кумановци.

Промовирано беше и мултимедијалното ДВД, посветено на Јубилејот 500 години Куманово, на кое се наоѓаат: електронско издание на Монографијата на Куманово, легендарната театарска претстава “Ленче Кумановче” од 1971 година, првиот документарен филм на Сифрид Миладинов за Галичник од 1938 година, истакнатиот Трајко Прокопиев со инструменталната песна “Кумановки”  I-VI и познати кумановски музички имиња со свои изведби.

На настанот присуствуваше делегација од Општина Куманово, предводена од Градоначалникот на Општина Куманово Димитриевски, кој имаше и свое обраќање.

 

Врати се на врвот
Големина на фонт