Skip to content Skip to main navigation Skip to footer

Вистинските вредности на нашето општество во Зборникот “Навраќање кон Конески”

Во рамките на културните настани во Националната програма “2021–Година во чест на Блаже Конески”, која е дел и од календарот на значајни меѓународни јубилеи на УНЕСКО, општина Куманово дава значаен придонес и се приклучува кон одбележувањето на 100-годишнината од раѓањето на Блаже Конески, како траен белег на македонското опстојување. Оваа година му ја посветуваме на великанот на македонската култура Блаже Конески, со што нашата земја и официјално се приклучува кон одлуката на Генералното собрание на Обединетите нации оваа година да биде Година на мирот и довербата, каде со заеднички напори ќе се обезбеди траен мир, солидарност и хармонија. Денеска во Занаетчискиот дом во Куманово се одржа промоција на Зборникот “Навраќање кон Конески”, на приредувачите Свето Стаменов, новинар на Македонското радио – Радио Скопје и познат македонски публицист и проф. д-р Вера Стојчевска – Антиќ, универзитетски професор и истакнат македонски историчар на книжевност, книжевен теоретичар и славист. Зборникот содржи избрани трудови на 29 врвни познавачи на животот и делото на великанот Конески, кои во целина ќе предизвикаат нови проширени сфаќања и оценки за неговото грандиозно дело и секој од свој аспект ќе фрлат нова светлина врз неговото творештво. На свечената промоција се обратија Градоначалникот на општина Куманово Димитриевски, промоторот и рецензент Људмил Спасов, претседател на Советот за македонски јазик при Владата  на Република Северна Македонија и приредувачите Стаменов и Стојчевска-Антиќ.

Врати се на врвот
WP2Social Auto Publish Powered By : XYZScripts.com
Големина на фонт
Боја на контраст