Во вторник (30.01.2018) ќе се одржи петтата седница на Советот на Општина Куманово

Оваа објава е достапна и на: sqAlbanian

Во вторник (30.01.2018) во кружната сала на зградата на поранешните општествено – политички организации, со почеток во 10:00 часот ќе се одржи петтата седница на советот на Општина Куманово.

         Дневен ред

  • Усвојување на записниците од Третата и Четвртата седница на Советот на Општина Куманово
  1. Извештај за реализација на Програмата за работа на Советот на Општина Куманово за 2017 година;
  2. Предлог – Програма за работа на Советот на Општина Куманово за 2018 година;
  3. Годишен извештај за 2017 година на преземени мерки и активности на Полициска станица од општа надлежност Куманово;
  4. Годишен извештај на Територијална противпожарна единица Куманово за 2017 година;
  5. Програма за работа на ТППЕ Куманово во 2018 година;
  6. Годишен Извештај за работа на ЈУОУД „Професор Мијалковиќ” – Куманово за учебната 2016/2017 година;
  7. Годишна Програма за работа на ЈУОУД „Професор Мијалковиќ” – Куманово за учебната 2017/2018 година;
  8. Предлог – Решение за давање согласност на Статутарната одлука за изменување на Статутот на Приватна установа за деца – Центар за ран детски развој „Балтазар“ – Куманово;
  9. Предлог – Одлука за утврдување на право на користење и на критериуми за доделување на средства во вид на еднократна парична помош и помош во натура;
  10. Извештај за реализација на Програмата за урбанистичко планирање на подрачјето на Општина Куманово за 2017 година;
  11. Предлог – Програма за урбанистичко планирање на подрачјето на Општина Куманово за 2018 година;
  1. Предлог-Решение за избор на претседател и членови на Комисијата за локален економски развој на Советот на Општина Куманово;
  2. Предлог-Решение за избор на претседател и членови на Комисијата за урбанизам на Советот на Општина Куманово;
  3. Предлог-Решение за избор на претседател и членови на Комисијата за заштита на животната средина и природата на Советот на Општина Куманово;
  4. Предлог-Решение за избор на претседател и членови на Комисијата за социјална, детска и здравствена заштита на Советот на Општина Куманово;
  5. Предлог-Решение за избор на претседател и членови на Комисијата за статут и прописи на Советот на Општина Куманово;
  6. Предлог-Решение за избор на претседател и членови на Комисијата за месна самоуправа на Советот на Општина Куманово;
  7. Предлог-Решение за избор на претседател и членови на Комисијата за еднакви можности помеѓу мажите и жените на Советот на Општина Куманово;
  1. Предлог-Решение за избор на претседател и членови на Комисијата за безбедност, безбедност во сообраќајот и противпожарна заштита на Советот на Општина Куманово;
  1. Предлог – Решенија за именување на членови на Управен одбор на:
  • ЈП „Водовод“ Куманово
  • ЈП „Пазаришта“ Куманово
  • ЈП „Чистота и зеленило“ Куманово
  • ЈП „Куманово – гас“ Куманово
  • ЈП „Куманово – паркинг“ Куманово
  1. Предлог – Решенија за именување на членови на Надзорен одбор за контрола на материјално-финансиско работење на:
  • ЈП „Водовод“ Куманово
  • ЈП „Пазаришта“ Куманово
  • ЈП „Чистота и зеленило“ Куманово
  • ЈП „Куманово – гас“ Куманово
  • ЈП „Куманово – паркинг“ Куманово
  1. Предлог – Решение за именување претставници од Општината Куманово за членови на Управниот одбор на ЈОУД Детска градинка „Ангел Шајче” – Куманово;
  2. Предлог – Решение за именување на членови на Органот за надзор во ЈОУД Детска градинка „Ангел Шајче” – Куманово;
  3. Предлог – Решение за именување на членови на Управниот одбор на ЈОУ Библиотека „Тане Георгиевски” – Куманово;
  4. Предлог – Решение за именување на членови на Одборот за контрола на материјално-финансиско работење на ЈОУ Библиотека „Тане Георгиевски” – Куманово;
  5. Предлог – Решение за именување на претставници од Општината Куманово за членови на Управниот одбор на ЈОУ Дом за стари лица „Зафир Сајто” – Куманово;
  6. Предлог – Решение за именување на членови на Органот за надзор на ЈОУ Дом за стари лица „Зафир Сајто” – Куманово;
  7. Предлог – Решение за именување на претставници од Општината Куманово за членови на Управниот одбор на Јавната установа – Општински ученички дом „Професор Мијалковиќ” – Куманово.

 

Врати се на врвот