Skip to content Skip to main navigation Skip to footer

Во Пелинце се одбележа државниот празник Илинден

По повод националниот празник Илинден, 2 Август денеска во Меморијалниот центар АСНОМ во Пелинце, свечено беше одбележан овој значаен датум од македонската историја, 118 години од Илинденското востание и 77 години од првото заседание на АСНОМ. На пригодното одбележување пред споменикот на АСНОМ, покрај останатите делегации,свежо цвеќе положија и делегации од општина Куманово, предводени од Градоначалникот на Општината Максим Димитриевски и претседателката на Советот на Општината Атина Мургашанска.На Денот на Републикатапред присутните со пригоден говор се обрати претседателот на Владата на Република Северна Македонија Зоран Заев.Настанот беше проследен и со културно – уметничка програма.

Врати се на врвот
WP2Social Auto Publish Powered By : XYZScripts.com
Големина на фонт
Боја на контраст