Skip to content Skip to main navigation Skip to footer

Во понеделник ќе се одржи педесет и осма седница на Советот на Општина Куманово

На 21 јуни 2021 година (понеделник), во големата сала на зградата на поранешните општествено – политички организации, со почеток во 10:00 часот, ќе се одржи педесет и осма седница на Советот на Општина Куманово

Дневен ред

  1. Предлог – Одлука за верификација на мандат на член на Советот на Општина Куманово;
  2. Извештај за финансиско работење на ЈП „Куманово – паркинг“ – Куманово за период од 01.01.2021 – 31.03.2021 година;
  3. Програма за измена на Програмата за работа на ЈП „Куманово – паркинг“ – Куманово за 2021 година;
  4. Предлог – Решение за давање согласност на Одлуката на ЈП „Куманово – паркинг“ – Куманово за отуѓување на моторни возила;
  5. Извештај за деловно-финансиско работење на ЈП „Чистота и зеленило“ – Куманово за период Јануари – Март 2021 година;
  6. Финансиски извештај за работа на ЈП „Пазаришта“ – Куманово за период Јануари – Март 2021 година;
  7. Предлог – Решение за давање согласност на Одлуката за утврдување на вредност на бод за пресметување на плати во ЈП „Водовод“ – Куманово;
  8. Предлог – Решение за давање согласност на Одлуката на ЈП „Водовод“ – Куманово за преотстапување на 150 пластични контејнери на ЈП „Чистота и зеленило“ – Куманово;
  9. Предлог – Одлука за давање согласност на Предлог – Годишен план за вработување во 2022 година на ЈОУДГ „Ангел Шајче“ – Куманово;
  10. Годишен Извештај за спроведување на Програмата за развој на Североисточниот плански регион (СИПР) 2015 – 2019, која се спроведува во 2020 година;
  11. Извештај за работење на Центарот за развој на Североисточниот плански регион за 2020 година со финансов извештај;
  12. Извештај за работење на Заедничко јавно претпријатие „ЕКО-ЗОНА“ Куманово за 2020 година со финансов извештај;
  13. Предлог – Програма за изменување на Програмата на културни манифестации на Општина Куманово за 2021 година;
  14. Предлог – Програма за дополнување на Програмата за социјална заштита на Општина Куманово за 2021 година;
  15. Предлог – Одлука за спроведување на мерки за субвенционирање на трошоци за јавен градски и меѓуградски превоз за 2021 година;
  16. Предлог – Програма за измена и дополнување на Програмата за локален економски развој на Општина Куманово за 2021 година;
  17. Предлог – Измена и дополнување на Планот на програми за развој на Општина Куманово за 2021 година;
  18. Предлог – Програма за изменување и дополнување на Програмата за уредување на градежно земјиште, изградба и одржување на комунална инфраструктура на град Куманово за 2021 година;
  19. Предлог – Измени и дополнувања на Буџетот на Општина Куманово за 2021 година;
  20. Предлог – Одлука за донесување на Детален урбанистички план за дел од УЕ „3-та МУБ“, УБ 51 и 52 – Општина Куманово;
  21. Предлог – Одлука за исплата на еднократна парична помош од Буџетот на Општина Куманово за 2021 година;
  22. Предлог – Решение за именување на претставник од Општина Куманово за член на Училишниот одбор во Општинското основно училиште „Бајрам Шабани‘‘ – Куманово;
  23. Предлог – Решение за именување на претставник од Општина Куманово за член на Училишниот одбор во Општинското основно училиште „Наим Фрашери‘‘ – Куманово;
  24. Предлог – Решение за именување на претставник од Општина Куманово за член на Училишниот одбор во Општинското основно училиште „Јероним Де Рада‘‘ – с. Черкези.
Врати се на врвот
WP2Social Auto Publish Powered By : XYZScripts.com
Големина на фонт
Боја на контраст