Во четврток и петок прскање против крлежи на територија на Општина Куманово


На ден 20.04.2017 (четврток) и 21.04.2017 (петок) , зависно од временските услови, предвидено е третирање на зелените јавни површини во градот, како мерка во борба против крлежите,а со цел спречување на ширење заразни болести .
Сите третирани површини ќе бидат видно обележани. Не се препорачува подолг прстој на третираните површини како за луѓе, така и за животни, особено во период непосредно по извршениот третман.