Во четврток седница на Советот на Општина Куманово

Оваа објава е достапна и на: sqAlbanian

Седницата ќе се одржи на 14 јуни 2018 година (четврток), во кружната сала на зградата на поранешните општествено – политички организации, со почеток во 10:00 часот. Следете ја седницата во живо на ТВ Плус.

Дневен ред

 

  1. Тримесечен извештај за финансиско работење на ЈП „Водовод“ Куманово од 01.01.2018 – 31.03.2018 година;
  2. Извештај на ЈП „Куманово – гас“ – Куманово за 2017 година;
  3. Тримесечен извештај за финансиско работење на ЈП „Куманово – гас“ – Куманово од 01.01.2018 – 31.03.2018 година;
  4. Предлог – Решение за давање согласност на Одлуката за измена и дополнување на Статутот на ЈП „Куманово – гас“ – Куманово;
  5. Извештај за деловно финансиско работење на ЈП „Чистота и зеленило“ – Куманово за период Јануари – Март 2018 година;
  6. Предлог – Решение за давање согласност на Јавната општинска установа за деца – Детска градинка „Ангел Шајче“ – Куманово да може да има поголем број на деца во воспитните групи;
  7. Предлог – Решение за давање согласност на Статутарната Одлука за изменување и дополнување на Статутот на Јавната општинска установа за деца – Детска градинка „Ангел Шајче“ – Куманово;
  8. Предлог – Одлука за измена на распоредот на средствата на Буџетот на Општина Куманово за 2018 година;
  9. Предлог – Одлука за давање согласност на Годишен план за вработување во Општина Kуманово за 2018 година – дополнување;
  10. Предлог – Измена и дополнување на Планот на програми за развој на Општина Куманово за 2018 година;
  11. Предлог – Програма за изменување и дополнување на Програмата за уредување на градежно земјиште, изградба и одржување на комунална инфраструктура на град Куманово за 2018 година;
  12. Предлог – Одлука за донесување на Измена и дополна на Детален урбанистички план за дел од  У.Е. „Гоце Делчев”, дел од Урбан блок 29, плански опфат меѓу ул. „2001″, ул. „1″, пешачка патека и ул. „222″ – Општина Куманово;
  13. Предлог – Одлука за промена на трасата на линиските инфраструктурни објекти со решение на крстосница на дел од ул. „Трета МУБ“ и ул. „11-ти Октомври“ – Општина Куманово;
  14. Предлог – Одлука за промена на трасата на линиските инфраструктурни објекти со решение на крстосница на дел од ул. „11-ти Октомври“ и ул. „Пролетерски Бригади“ – Општина Куманово;
  15. Предлог – Одлука за промена на трасата на линиските инфраструктурни објекти на дел од ул. „Гоце Делчев“ на потег помеѓу крстосница со ул. „Борис Кидрич“ и ул. „Трст“ за предвидување на автобуски стојалишта – Општина Куманово.
Врати се на врвот
Големина на фонт