Skip to content Skip to main navigation Skip to footer

ГЕНЕРАЛКА ВИКЕНД во Куманово

“MAN AND MOUNTAIN LLC” – Австрија заедно со Oпштина Куманово и Секторот за комунални работи, инфрастуктура и сообраќај и заштита на животната средина и природата, ЈП “Чистота и зеленило”- Куманово, припадници на АРМ, НВО “Кумановски акцијаши” на 07.05.2021 година (петок), во 09:00 часот ќе ја реализира еколошката акција ГЕНЕРАЛКА ВИКЕНД во рамките на проектот “Зелена сончева”, под мотото “За чисто како дома исто”.
Во проектот веќе учествуваат “Пакомак”, ЕВН, Делегација на ЕУ, Министерство за животна средина и просторно планирање, Министерство за земјоделство, шумарство и водостопанство и други организации и поединци.
Еколошката акција ќе се спроведе на локација кај Градскиот кеј, при што ќе се мери тежината на собраниот отпад, кој претходно се складира во поставените станици за оваа намена на “Пакомак”. Дополнително со механизација и АРМ ќе се чисти и депонијата кај маркет “Туш”.
За секои 10 килограми собран отпад ќе биде засадено дрво, создавајќи монументална шума “Сончева гора”.
Во акцијата можат да учествуваат сите граѓани на локација кај Градскиот кеј кои ќе придонесат во зачувувањето на животната околина и општина Куманово да стане „Општина на годината со најмногу совесни граѓани за животната средина“.
Врати се на врвот
WP2Social Auto Publish Powered By : XYZScripts.com
Големина на фонт
Боја на контраст