Skip to content Skip to main navigation Skip to footer

ГЕНЕРАЛКА ВИКЕНД на 6-ти мај 2022 година во Куманово

Мan And Mountain во соработка со Општина Куманово ја организира акцијата за чистење – ГЕНЕРАЛКА ВИКЕНД на 6-ти мај 2022 година во Куманово.

Локациите на кои што ќе се одвива чистењето се:
– Градски Кеј (од двете страни на р.Кумановка)
– Со оваа акција освен наведената локација ќе биде чистена и најголемата дива депонија во градот на самиот влез во населба „Перо Чичо“ со помош на екипи и механизација од ЈП „Чистота и Зеленило“ Куманово.

Збирно место Градски Кеј на Кумановска река во 10 часот на 06.05.2022 година.

Излези и ти, собери го отпадот од твојата директна околина и допринеси за поздрава и позелена иднина за сите!

Целта е да собереме што е можно повеќе отпад кој потоа ќе се носи до најблиската ПАКОМАК или локална станица за отпад. Со секои 10 кг отпад, придонеси во засадувањето на новите пристапни шуми “СОНЧЕВА ГОРА” – национални зелени споменици што ќе растат секоја година.

Во оваа акција ќе се вклучат многу поддржувачи, како Министерството за животна средина, Министерството за земјоделство, претставници на дипломатскиот кор, повеќе од дваесет општини, училишта и локални поддржувачи, спортски клубови.

Акцијата за чистење ГЕНЕРАЛКА ВИКЕНД 2022, е една од активностите кои ги спроведуваме за да придонесеме во подигнување на јавната свест за потребата од собирање и рециклирање на отпадот и позитивно да влијаеме за зачувување на животната средина.

Врати се на врвот
WP2Social Auto Publish Powered By : XYZScripts.com
Големина на фонт
Боја на контраст