Skip to content Skip to main navigation Skip to footer

Градоначалникот Димитриевски во посета на индустриска зона Новини и Речица

Градоначалникот на Општина Куманово Димитриевски денеска заедно со  претставници од грчката фирма „ARMOS Balkan“ ја посетија индустриската развојна зона Новини и Речица, кои се инвеститори на фабриката за производство на бетонски префабрикувани елементи, чија изградба започна. Фабриката ќе биде лоцирана во индустриската развојна зона Новини и Речица, северно од градот кон границата со Р Србија, на автопатот Е 75, Белград-Атина, која се простира на површина од 65 хектари градежно земјиште, со намена Г2 (лесна и незагадувачка индустрија) и намена Б (големи трговски единици-шопинг молови и хотели). Како еден од капиталните проекти на Општина Куманово со Владата на РСМ, се очекува оваа развојна зона во Општината да привлече голем број фирми, преку развивање на големи трговски единици, од причина што стопанството е една од најзначајните гранки за развивање и просперитет на нашите граѓани.

Врати се на врвот
WP2Social Auto Publish Powered By : XYZScripts.com
Големина на фонт
Боја на контраст