Skip to content Skip to main navigation Skip to footer

Градоначалникот Димитриевски е добитник на наградата „Најпријателски градоначалник на Ромите“

Во рамките на “Недела на Ромите” во Европскиот парламент во Брисел на градоначалникот на Општина Куманово Максим Димитриевски му беше доделена наградата „Најпријателски градоначалник на Ромите“. Согласно проектот „Моќта на промената”,кој се спроведува во РСМ, Србија, Косово, Црна Гора, Босна и Херцеговина, Албанија и Турција, а е заеднички имплементиран од Roma Active Albania, ERGO Network и Регионалната ромска образовна младинска асоцијација во соработка со ЕУ, градоначалникот Димитриевски е добитник на наградата, избран за најпријателски и најуспешен градоначалник на Ромите на национално ниво. Оваа регионална кампања има за цел да ги мобилизира припадниците на ромската етничка заедница, зајакнувајќи ја нивната способност да се вклучат во дијалог со јавните власти. При изборот за оваа престижна награда беше акцентирано понатамошното подигање на свеста на локалната самоуправа во врска со прашања поврзани со Ромите. Домаќин на свечената церемонија на доделувањето беше европратеникот Ромео Франц, а церемонијата ја отвори претставник од Генералниот директорат за соседство на Европската комисија и Преговори за проширување (DG NEAR).

Врати се на врвот
WP2Social Auto Publish Powered By : XYZScripts.com
Големина на фонт
Боја на контраст