Skip to content Skip to main navigation Skip to footer

Градоначалникот Димитриевски на средба со Булент Јалчинкаја од Истанбул, Р Турција

Градоначалникот на Општина Куманово Максим Димитриевски денеска оствари средба со претседателот на партијата Добра партија, Булент Јалчинкаја од Истанбул, Р Турција и неговите соработници. Покрај поканата до градоначалникот Димитриевски за традиционален Фолклорен фестивал, кој ќе се одржи во месец мај во Истанбул, на средбата беше разговарано и за отворање на можности за соработка на двете земји на повеќе општествени полиња. На средбата присуствуваше и претседателот на партијата за движење на Турците од Куманово, Ердоган Али, кој од името на партијата додели донација од заштитни маски, средства за дезинфекција, ракавици и топломерна Општина Куманово.

Врати се на врвот
WP2Social Auto Publish Powered By : XYZScripts.com
Големина на фонт
Боја на контраст