Средба на Градоначалникот Димитриевски со спортските легенди

Градоначалникот Максим Димитриевски, во просториите на Општина Куманово оствари средба со спортските легенди кои пристигнаа во Куманово по повод промоција на документарниот филм “Соколана нашата гордост“.

Едни од најпознатите и најзначајните спортски имиња, кои низ годините продефилирале во Соколана – Владимир Боцевски, Христо Ѓорчевски, Благоја Георгиевски, Лазар Лечиќ, Владимир Воиновски, Зоран Габриќ, Венцо Саздов, Стојмир Цаневски, Страше Тодоровиќ, Мирољуб Лалевски – Нини, Боркица Николовска, Војкан Поповиќ, Владимир Наковски, Рисимка Тричковиќ, Милорад Ивановски – Мице, Душко Ивановски – Боби, Раде Георгиевски, Томислав Величковски, Новица Трендафиловски, разговараа со Градоначалникот за спортските активности, настани и успеси од минатото.

По средбата, заедно се упатија во Центарот за култура “Трајко Прокопиев“, каде што се одржа промоција на документарниот филм “Соколана нашата гордост“, од нашиот сограѓанин Марјан Стошевски.  Докуметарниот филм ја раскажува историјата на едно од најзнаајните обележја на Куманово – спортскиот објект Соколана.

Врати се на врвот
Големина на фонт