Skip to content Skip to main navigation Skip to footer

Градоначалникот на Општина Куманово Димитриевски изрази сочувство до семејството Масевски

Од мое лично име и од името на граѓаните на Општина Куманово изразувам огромно жалење и сочувство до семејството за загубата на истакнатиот кумановски публицист, историчар, основач и претседател на Друштвото за наука и култура “Парадигма”- Куманово, поранешен директор на неделникот “Наш Весник” и главен уредник на Списанието за литература, култура, граѓански прашања и наука “Корени”, Димитар Масевски. Нема зборови со кои може да се опише оваа загуба.

Како добар познавач на приликите во кумановскиот крај, зад себе ги остави монографиите: “Куманово, време во неговите времиња”, “Куманово”- Прилози за изучување на неговото минато од праисторијата до денес, “Куманово”- историја, уметност, традиција, култура, прво и второ издание на “Витражите на Куманово. Бројните трудови и записи за наше Куманово му донесоа и Ноемвриска награда на град Куманово.

Неговите дела ќе останат врежани како неделив дел од културната историјата на наше Куманово. 

Врати се на врвот
WP2Social Auto Publish Powered By : XYZScripts.com
Големина на фонт
Боја на контраст