Дамјановски со поддршка на Маратонска трка


Општина Куманово претставувана од Градоначалникот Зоран Дамјановски денеска даде поддршка на проектот на Центарот за интеркултурен дијалог финансиски и технички поддржан од Мисијата на ОБСЕ во Скопје. Дел од проектните активности чија цел е унапредување на меѓу културниот дијалог и подобрување на односите помеѓу различните заедници во Куманово е маратонска трка. Таа ќе се одржи на 07.10.2017г. а има за цел да промовира соработка меѓу различните заедници и поттикнување на учесниците да трчаат низ целиот град, со цел градење на доверба и чувство на единство низ градот.