Skip to content Skip to main navigation Skip to footer

Деветта седница на Совет на Општина Куманово на 10 мај 2022 година

На 10 мај 2022 година (вторник), во кружната сала на зградата на поранешните општествено – политички организации со почеток во 10:00 часот, ќе се одржи деветтата седница на Советот на Општина Куманово по следниот 

 

Дневен ред

 

1. Информација за преземени мерки и активности во текот на 2021година на Полициска станица од општа надлежност Куманово;
2. Финансиски извештај за работа на ЈП „Пазаришта“ – Куманово за период Јануари – Март 2022 година;
3. Предлог – Решение за давање согласност на Одлуката за измена и дополна на Ценовникот на услуги на ЈП „Пазаришта“ – Куманово;
4. Предлог – Решение за давање согласност на пречистениот текст на Ценовникот на услуги на ЈП „Пазаришта“ – Куманово;
5. Тримесечен извештај за финансиско работење на ЈП „Водовод“ Куманово од 01.01.2022 – 31.03.2022 година;
6. Предлог – Решение за давање согласност на Одлуката за измена на Статутот на ЈП „Водовод“ – Куманово;
7. Извештај за финансиско работење на ЈП „Куманово – паркинг“ – Куманово за период од 01.01.2022 – 31.03.2022 година;
8. Извештај за финансиско работење на ЈП „Куманово – план‘‘ Куманово за период од 01.01.2022 – 31.03.2022 година;
9. Извештај за деловно-финансиско работење на ЈП „Чистота и зеленило“ – Куманово за период Јануари – Март 2022 година;
10. Предлог – Одлука за давање согласност на Измена на Годишен план за вработување во 2022 година на ЈП „Чистота и зеленило“ – Куманово;
11. Предлог – Решение за давање согласност на Одлуката на ЈП „Чистота и зеленило“ – Куманово за утврдување на подвижниствари – основни средства (возила) кои треба да бидат предмет напродажба по пат на јавно наддавање;
12. Предлог – Решение за давање согласност на Одлуката на ЈП „Чистота и зеленило“ – Куманово за утврдување на подвижна ствар која треба да бидат предмет на јавно наддавање за издавање под закуп;
13. Предлог – Решение за давање согласност на Одлуката за утврдување на цени на дополнителни услуги кои ги врши Одделението за собирање и транспортирање на отпад при ЈП „Чистота и зеленило“ – Куманово;
14. Предлог – Решение за давање согласност на Одлуката на ЈП „Чистота и зеленило“ – Куманово за утврдување на цени на влезници за користење на Затворен градски базен во Куманово;
15. Предлог – Одлука за утврдување на цени на услугите за собирање и транспортирање на комунален отпад во Општина Куманово;
16. Предлог – Измена и дополнување на Планот на програми за развој на Општина Куманово за 2022 година;
17. Предлог – Одлука за давање согласност на Измена и дополнување на Годишен план за вработување во 2022 година на ООУ „Вук Караџиќ” – Куманово;
18. Предлог – Одлука за проширување на средствата на Буџетот на Општина Куманово за 2022 година;
19. Квартален извештај за извршување на Буџетот на Општина Куманово за I квартал од 2022 година;
20. Предлог – Одлука за ставање вон сила на Одлуката за отстапување на користење, управување и одржување на Спортско рекреативниот центар „КЕЈ“ во Куманово;
21. Предлог – Одлука за давање на трајно користење на движна ствар – сопственост на Општина Куманово на ЈП „Водовод“ – Куманово;
22. Предлог – Одлука за давање на трајно користење на движна ствар – сопственост на Општина Куманово на ЈП „Чистота и зеленило“ – Куманово;
23. Предлог – Одлука за давање на трајно користење на движна ствар – сопственост на Општина Куманово на ЈП „Куманово – гас“ – Куманово;
24. Предлог Одлука за донесување на Урбанистички проект со план за парцелација за ГП 1.1, 1.2, 1.3, 1.4, 1.5 и 1.6 од Урбанистички план вон населено место за изградба на викенд населба со угостителски, хотелски и рекреативен комплекс, м.в. Црвенки, КО Куманово, Општина Куманово;
25. Предлог – Одлука за исплата на еднократна парична помош од Буџетот на Општина Куманово за 2022 година.

           

 

Врати се на врвот
WP2Social Auto Publish Powered By : XYZScripts.com
Големина на фонт
Боја на контраст