Skip to content Skip to main navigation Skip to footer

Декларација за подобрување и унапредување на положбата на женското претприемништво

Претседателката и членови на Советот на Општина Куманово се сретнаа со претставници на проектот “Национална платформа за женско претприемништво”, кофинансиран од Европската Унија, кој го спроведуваат Здружение на бизнис жени во партнерство со Сојуз на стопански комори на Македонија, Национална федерација на фармери и Фондација за менаџмент и индустриско истражување. На средбата присуствуваа Валентина Дисоска- менаџер на проектот и претседател на „Национална платформа за женско претприемништво“, Емилија Андонова- координатор на Фондација за менаџмент и индустриско истражување Дивна Јанкова локален координатор на Североисточенплански регион во рамките на оваа Платформа.

Целта на состанокот е детално запознавање со компонентите на проектот, како и заедничко планирање и иницијални технички подготовки за претстојни активности. Проектот се залага за зајакнување на капацитетите на граѓанските организации, со цел застапување во областа на женското претприемништво, со спој на постојните мрежи во единствена Платформа, која ќе претставува интерес на жените претприемачи на сите нивоа.

Градоначалникот на Општина Куманово Димитриевски потпиша Декларација за подобрување и унапредување на положбата на женското претприемништво. Согласно Декларацијата ќе се обезбеди системска поддршка за развој на женско претприемништво и креирање на инфраструктура за негова поддршка и развој. Ќе бидат промовирани квалитетни примери на жени претприемачи како двигатели на промените во јавната политика, со цел зајакнување на женското претприемништво и придонес за зголемување на видливоста и опфатот на Платформата преку активно промовирање на позитивни примери за овозможување родова еднаквост.

Врати се на врвот
WP2Social Auto Publish Powered By : XYZScripts.com
Големина на фонт
Боја на контраст