Делегација од Општина Куманово во посета на Бјелина

Оваа објава е достапна и на: sqAlbanian

Делегација од Општина Куманово предводена од Градоначалникот Максим Димитриевски, во изминатите два дена беше во посета на збратимениот град Бијелина.

На приемот кај Градоначалникот, нашите претставници им упатија честитки на домаќините и им посакаа долгогодишната плодна соработка меѓу двата збратимени градови да продолжи и во иднина. Делегацијата положи свежо цвеќе пред споменикот на паднатите борци, а присуствуваше и на свечената литургија во црквата „Св.Ѓорѓи“.

Бјелина секоја година традиционално ја одбележува славата на градот „Свети Пантелејнон“, односно „Пантелински денови“ каде со бројни свечености деновиве домаќинот прими над дваесет и седум делегации.

 

Врати се на врвот
Големина на фонт