Skip to content Skip to main navigation Skip to footer

Денеска се одржа третата форумска сесија од проектниот форум во организација на општина Куманово и УНДП

Денеска во НУЦ „Трајко Прокопиев“ се одржа третата сесија од Проектниот форум, што го организира Општина Куманово со соработка со УНДП. Пред граѓаните беа презентирани девет предлог проекти, што во изминатиот период од еден месец ги работеа работните групи, составени од граѓани, учесници на форумот. Предлог проектите тематски се од областа социјлната инклузија. Предложените проекти се однесуваат на повеќе потреби, детектирани од граѓаните и тоа: Опремување и адаптација на Градската библиотека со компјутери и книги за слепи лица и лица со посебни потреби, потоа на отворање на Центар за помош на деца на разведени родители; основање на Хаб – центар за млади и млади таленти; потоа Создавање на сервис за стари лица со вклучување на волонтери ; Адаптација на покрив и столарија во ООУ „Браќа Миладиновци“, оформување на Спортски катчиња за урбана и рурални средини со простор за спортување на деца со посебни потреби, Инфрастрктура за лица со попречености, а предложени се и два предлог проекти за отворање на Центтр за ран детски развој во с. Доброшане и во с.Умин Дол. На сесијата се одлучи кои од предложените проекти ги исполнуваат критериумите за избор на проект за разгледување на четвртата сесија, која е гласачка сесија. На четвртата сесија, граѓаните со право на глас, ќе одлучуваат на кои проекти треба да им се додели проектниот фонд од 50.000 швајцарски франци, обезбеден од Швајцарската агенција за развој и соработка, преку имплементаторот УНДП. За потсетување целтта на форумот е зголемување на учеството на граѓаните во процесот на донесување на одлуки на локално ниво. Присутните граѓани на форумот ќе имаат можност да предлагаат и да изберат приоритетни проекти, кои ќе се финансираат од проектниот фонд во износ од 50.000 швајцарски франци (CHF). Форумскиот процес е дел од проектот „Зајакнување на општинските совети“, чија втора компонента е зајкнување преку мали грантови за приоритетни мерки на општините, избрани преку јавни консултации.

Врати се на врвот
WP2Social Auto Publish Powered By : XYZScripts.com
Големина на фонт
Боја на контраст