Skip to content Skip to main navigation Skip to footer

Дератизација на територијата на општина Куманово

Оваа објава е достапна и на: sqAlbanian

На 23.09.2020(среда),24.09.2020(четврток) и 25.09.2020година (петок), ќе се врши дератизација (третман против глодари) на територијата на Општина Куманово. Третманот ќе се изврши со поставување на мамци во отворите од шахтите на постоечката канализациона мрежа, а ќе бидат опфатени и отворите што служат за собирање на атмосферска вода. Во случај третманот да не се изврши во предвидениот период, поради неповолните временски услови, истиот ќе биде одложен за наредниот ден. Препаратот што ќе се користи спаѓа во група на антикоагуланти и ќе биде во облик на парафински блок. Се предупредуваат граѓаните да не се движат во близина на поставените мамци, а во случај на наоѓање на родентицидот на отворено, да не го допираат.

Врати се на врвот
WP2Social Auto Publish Powered By : XYZScripts.com
Големина на фонт
Боја на контраст