Десанка Стошевска е нов Секретар на Општина Куманово

Десанка Стошевска од денеска е нов Секретар на Општина Куманово. Таа доаѓа на местото на Валентина Алексовска, досегашен Секретар на Општина Куманово.
Стошевска по професија е правник, со долгогодишно работно искуство во Општина Куманово.
Има работено како референт за правни работи на извршен совет на Општина Куманово, референт за правни работи на Собрание на Општина Куманово, Секретар на Совет на Општина Куманово и раководител на одделение за поддршка на Совет на Општина Куманово.

Врати се на врвот