Skip to content Skip to main navigation Skip to footer

Димитриевски потпиша Меморандум за соработка со Еуростеп ДООЕЛ- Скопје

Градоначалникот на Општина Куманово Димитриевски денеска потпиша Меморандум за соработка со претставниците на Еуростеп ДООЕЛ- Скопје, со кој се утврдува рамката за реализирање на соработката, со цел “Организација на бизнис саем за производители во град Куманово”, во чиј состав е вклучена организација на бизнис саем и форум. Ваков настан ќе доведе до унапредување и подобрување на бизнис околината и заедницата на локално ниво и пошироко, овозможувајќи промоција на правните лица, деловното работење, како и презентирање на нови бизнис идеи и концепти, едукација, поттикнување на меѓусебна соработка, инвестиции и проширување на пазарот, како и стекнување на видливост и препознатливост на брендовите, со потенцирање на произведувачи и компании од Општина Куманово.

Врати се на врвот
WP2Social Auto Publish Powered By : XYZScripts.com
Големина на фонт
Боја на контраст