Заврши Ликовна Колонија „Куманово 2017„


Со културно уметнишка програма заврши ликовната колонија „Куманово 2017„ која изминатата недела се одржа во меморијалниот центар АСНОМ – Пелинце. На затворањето присуствуваше Заменик министерот за култура Владимир Лазовски, Секретарот на Општина Куманово Валентина Алексовска, директорот на НУ Музеј Куманово Богдан Таневски, директори на основни и средни училишта и граѓани љубители на уметноста.

На оваа четириесет и трета ликовна колонија учествуваат осумнаесет уметници од Македонија, Франција, Романија, Србија и претставници од збратимениот град Чорлу од Турција.

Уметниците работеа во класични техники и ликовно изразување – главно сликарство и скулптура. Освен што ги изработуваа своите дела имаа можност да ја посетат мегалитската опсерваторија Кокино, како и други содржини во градот и пошироко.
Колонијата беше во организација од страна на Општина Куманово и НУ Музеј Куманово.