Завршна манифестација за проектот „Сложувалка“

Оваа објава е достапна и на: sqAlbanian

Градоначалникот Максим Димитриевски присуствуваше на завршната манифестација „Музичка сложувалка“ во рамки на проектот „Сложувалка“. Проектот е реализиран во соработка со Мобилност – Куманово и ООУ „Кочо Рацин“, а финансиран од страна на Фондација Отворено општество Македонија.

Главната цел на истиот е прифаќање на разликите и различностите како придобивки на мултинационалната и мултикултурна средина во која живееме,развивање и кревање на свеста кај учениците, нивните родители како и на локалната средина за важноста на секој поединец. Проектот подразбира развивање емпатија, социјална инклузија и прифаќање на децата со телесна инвалидност и интелектуална попреченост и посебни образовни потреби и малцински групи.

Една од основите на проектот е организирање и реализирање на заеднички активности, интерактивно учење, креативно творење и тимска работа, овозможување на пристап за сите со конструкција на пристапна патека до игралиште и адаптирање на постоечкото игралиште во интерактивно, наменето за деца со телесен инвалидитет, како и паркинг простор, пристап, врата, меѓукатни рампи и тоалет за децата со телесна попреченост.

Врати се на врвот
Големина на фонт