Skip to content Skip to main navigation Skip to footer

“Заедно сме ЕУ”- Ден на победа над фашизмот и Ден на Европа

Денеска во Куманово се одбележа 9 Мај, Ден на победата над фашизмот и Ден на Европа. Оваа година е европска година на младите и настанот беше посветен на 11 европски младински цели под мотото “Заедно сме ЕУ”, финансиран од Делегација на ЕУ во Скопје преку ЕУ инфо точка на Општина Куманово и невладина организација “Пулсот на демократијата”- Куманово. Во рамки на настанот се одржа панел дискусија на тема “Европска година на младите”. Со учениците од општински средни училишта дискутираа градоначалникот на Општина Куманово Димитриевски, претседателката на Совет на Општината Ѓорѓиевска, Дамјан Златановски-млад европски амбасадор од  YEA мрежа  на млади за Западен балкан и претставник од НВО Центар за интеркултурен дијалог- Куманово. Беа потенцирани предизвиците на  кумановската младина, кои се во чекор со европските достигнувања, како и перспективи на младите со новите технологии. Присутните имаа можност да ја погледнат и изложбата “Негуваме исти вредности”на кумановски млади уметници со освоени меѓународни награди. Во чест на овој ден се одржа и велосипедска трка. Дел од настанот беа и ученици од УОМО Панче Пешев, членови на Танцов клуб “Динамик” и младински музички оркестар на СОУ Гимназија “Гоце Делчев”.

Врати се на врвот
WP2Social Auto Publish Powered By : XYZScripts.com
Големина на фонт
Боја на контраст