Skip to content Skip to main navigation Skip to footer

Започна асфалтирање на пристапниот пат до индустриската зона Новине, Речица

Оваа објава е достапна и на: sqAlbanian

Денеска во индустриската зона Новине и Речица на автопатот Е 75,
започна асфалтирање на пристапниот пат до зоната. Градоначалникот
на општина Куманово Димитриевски заедно со Премиерот Зоран Заев
и Министерот за внатрешни работи на РСМ Оливер Спасовски беа
присутни на настанот. Димитриевски потенцираше дека општината ќе
продолжи да инвестира во инфраструктурата на новата индустриска
развојна зона и воедно се заблагодари на Владата за досегашната
финансиска поддршка од 24 милиони денари за инвестиции во
примарната инфраструктура. Денешнава инвестиција е реализирана
со средства во износ од 3 милиони денари, кои се претходно
заштедени при постапката за избор на најповолен понудувач, по
постапка на јавно наддавање за изградба на главниот атмосферски
колектор и примарната пристапна улица во зоната. Општината и
Владата најавија дополнителни инвестиции во инфраструктурата на
индустриската зона, бидејќи истата нуди големи можности за
домашните и странските инвестиции и дополнителен развој на
стопанството.Градоначалникот ги повика инвеститорите да пројават
интерес за инвестиции во нови производствени и трговски капацитети
во делот на лесна и незагадувачка индустрија и најави постапка за
продажба на градежните парцели по пат на јавно наддавање.

Врати се на врвот
Големина на фонт