Skip to content Skip to main navigation Skip to footer

Започна меѓународниот театарски фестивал “Денови на комедија”

Оваа објава е достапна и на: sqAlbanian

Вечерва со кабаре претставата Меѓуигри 0-24 со босанскиот актер Зијах Соколовиќ започна дваесет и третото издание на Меѓународниот театарски фестивал Денови на комедија Куманово 2020. Фестивалот се одржува со финансиска поддршка на Министерството за култура на Република Северна Македонија и Општина Куманово, со почитување на предвидените мерки за превенција од КОВИД епидемијата. Од 28 септември до 10 октомври ќе бидат прикажани девет театарски претстави од театрите во земјава, како и од Србија и Бугарија. На отварањето присуствуваше Градоначалникот на општина Куманово Максим Димитриевски, кој има и свое обраќање.

 

 

Врати се на врвот
WP2Social Auto Publish Powered By : XYZScripts.com
Големина на фонт
Боја на контраст