Skip to content Skip to main navigation Skip to footer

Здруженија на пензионери на традиционални регионални спортски натпревари во Куманово

ГГрадоначалникот на општина Куманово Димитриевски денеска ги отвори традиционалните регионални спортски натпревари, во организација на Сојуз на здружение на пензионери на Македонија. На натпреварите учествуваа членови на Здруженија на пензионери од: Пробиштип, Кратово, Злетово, Крива Паланка и Куманово, кој е овогодинешен град домаќин. Натпреварите се одвиваат на Атлетската стаза и на игралиштето во ОСТУ “Наце Буѓони”, во спортските дисциплини: фрлање на ѓуле, скок во височина, шутирање на мали голови и на кош, атлетика на 60 м до и над 60 години. Победниците на традиционалните натпревари ќе земат учество на републичкиот натпревар во Велес.

Врати се на врвот
WP2Social Auto Publish Powered By : XYZScripts.com
Големина на фонт
Боја на контраст