Избрани нови директори на Гимназија “Гоце Делчев“ и ОСТУ “Наце Буѓони“


Градоначалникот Максим Димитриевски денеска ја назначи Марија Тодоровска за нов в.д. директор на гимназијата “Гоце Делчев“, по разгледување на мислењата на вработените од самата институција. Марија Тодоровска е дипломиран музиколог и како наставник по музика во гимназијата работи од 1991 година, а од април 2017 ја извршуваше функцијата помошник директор. На оваа функција доаѓа откако досегашната директорка Соња Тодоровска стана дел од Советот на Општина Куманово.
Нов в.д. директор на ОСТУ “Наце Буѓони“ е Драган Јаневски – дипломиран електро инжинер и наставник во училиштето од 1997 година. Од 2008 година до денес ја извршуваше функцијата заменик директор, а доаѓа на местото на Лидија Михајловска.