Skip to content Skip to main navigation Skip to footer

Известување до граѓаните на Општина Куманово во врска со воспоставување на нов режим на сообраќај на дел од улици во централно градско подрачје на Општина Куманово

Согласно одлука на совет бр. 09-5364/6 донесена на 09.07.2021 год, се менува режимот на сообраќај на следните улици:

– Се воспоставува еднонасочен режим на сообраќај на дел од улица „Димитар Влахов”, од крстосница помеѓу улица „Димитар Влахов” и улица „Партизанска” во правец кон крстосница помеѓу улица „Димитар Влахов” и улица „Ленинова”, се менува режимот на сообраќај од двонасочен во еднонасочен режим на сообраќај;

– Се воспоставува двонасочен режим на сообраќај на дел од улица „Ленинова”, од крстосница помеѓу улица „Ленинова” и улица „Иво Лола Рибар” до крстосница помеѓу улица „Ленинова” и улица „Димитар Влахов”, се менува режимот на сообраќај од еднонасочен во двонасочен режим на сообраќај;

– Се воспоставува еднонасочен режим на сообраќај на крак од улица „Октомвриска Револуција”, од крстосница помеѓу улица „Октомвриска Револуција” и крак на улица „Октомвриска Револуција” (непосредно до станбен објект со адреса улица „Октомвриска Револуција” бр. 32) во правец кон влезна сообраќајна лента од крак на улица „Октомвриска Револуција” кон улица „Октомвриска Револуција” (непосредно до станбен објект со адреса улица „Октомвриска Револуција” бр. 20), се менува режимот на сообраќај од двонасочен во еднонасочен режим на сообраќај;

Согласно поставената вертикална патна сигнализација (сообраќајни знаци), нововоспоставениот режим на сообраќај Е ВОСПОСТАВЕН.

Врати се на врвот
WP2Social Auto Publish Powered By : XYZScripts.com
Големина на фонт
Боја на контраст