Известување за наградна игра„ Да рециклираме и да се наградуваме„


Општина Куманово во соработка со ЕЛКОЛЕКТ за граѓаните на општина Куманово организираше наградна игра „ Да рециклираме и да се наградуваме„, за собирање на електронски и електричен отпад.
Од предвидените награди единствено во просториите на општина Куманово не се јави добитникот на наградата ЛЕД ТВ со реден број на купон 484, односно резервен број на купон број 831.
Го повикуваме добитникот на купонот 484 или 831 да дојдат во општина Куманово и да си ја подигнат наградата најдоцна до 31 Август 2017 година.