Skip to content Skip to main navigation Skip to footer

ИЗВЕСТУВАЊЕ Од одржан дваесет и петти состанок на Општински штаб за заштита и спасување, на ден 09.04.2020 година (четврток)

Оваа објава е достапна и на: sqAlbanian

Денеска  во просториите на Општина Куманово се одржа состанок на Општинскиот штаб за заштита и спасување во врска со преземање на активности и мерки од ширење на болеста COVID-19 (корона вирус). На состанокот беа донесени следниве препораки, заклучоци и мерки:

  • Барање до Министерство за здравство и Комисија за заразни болести времено да се затвори Гинеколошко-акушерско одделение во Општа болница – Куманово, поради новонастанатата состојба со зголемен број на здравствени работници кои се позитивни на тестовите за COVID 19 и воедно да се изврши итна контрола на останатите болнички капацитети во Општа болница – Куманово, да се направи проценка за ризикот и да се овозможи непречена функционалност на останатите оддели во Болницата, како и да се обезбеди дополнителен капацитет на стручни лица во ЦЈЗ – Куманово.
  • Барање до Министерство за здравство, Комисија за заразни болести и ИЈЗ- Скопје да даде приоритет на тестовите за сите земени брисови на територијата на Општина Куманово за здравствените работници и воедно благовремено да го информираат ЦЈЗ – Куманово за позитивни и негативни резултати од тестовите, поради фактот дека за поголемиот број брисови коишто се испратени за анализа, не се добиваат резултати навремено, со што сметаме дека се креира нереална епидемиолошка слика во Општина Куманово
  • Апел до граѓаните да се почитуваат мерките и полицискот час и без итна потреба да не излегуваат за време на полицискиот час и доклку имаат потреба од лекови со истите да се снабдат пред отпочнување на полицискиот час, освен во итни случаи.
  • Апел до граѓаните за слободно движење да не се злоупотребува мерката за извршување на земјоделски работи.

 

 

 

                Општина Куманово

                   Градоначалник,

            Максим Димитриевски

 

Врати се на врвот
WP2Social Auto Publish Powered By : XYZScripts.com
Големина на фонт