Skip to content Skip to main navigation Skip to footer

Известување од одржан осумдесет и деветти состанок на Општински штаб за заштита и спасување, на ден 17.06.2022 година (петок)

Оваа објава е достапна и на: sqAlbanian

Денеска  во просториите на Општина Куманово се одржа состанок на Општинскиот штаб за заштита и спасување во врска со утврдување на потенцијални локации за можни појави на пожари на територија на Општина Куманово, како и мерки и активности кои би требало да бидат превземени. На состанокот беа присутни и претставници од други институции и беа донесени следниве препораки, заклучоци и мерки:

  • Општинскиот штаб за заштита и спасување дава препорака да се проследат дописи со информации за локации на напуштени објекти [„ЖИТОМЕЛ“, „Тутунски Комбинат Куманово (МОНОПОЛ)“, „Хотел КУ-БА“, „Хотел КРИСТАЛ“, „Хотел КУМАНОВО“, „ПЧЕЛА“, „СУПЕР МАРКЕТ“, деловни простории непосредно до „Хотел МИМОЗА“, објекти кои не се користат а се во склоп на поранешна Касарна „Х.Т. Карпош“ и др.] до:
  • Регионален Центар за управување со кризи (РЦУК) и надлежен инспектор од Дирекција за заштита и спасување (ДЗС), заради увид и процена на степен на ризик од потенцијално опожарување на истите, превземање на соодветни дејствија во нивна надлежност и доставување на повратни информации за превземеното;
  • Сектор за инспекциски надзор (Комунален инспектор) за увид и превземање на дејствија во нивна надлежност за обврзување на сопствениците на напуштените деловни објекти за расчистување и обезбедување на истите;
  • Сектор за урбанизам за увид од страна на Комисија за функционалност на објекти и утврдување на стабилност/склонопадност на наведените објекти.
  • Општинскиот штаб за заштита и спасување дава препорака да се проследи допис до МВР–СВР Куманово и Сектор за инспекциски надзор (Комунален инспектор) за зачестени контроли на локации каде има честа појава на пожари (м.в.„Бавчи“, м.в.„Стари Лозја“, м.в. „Багрем Бања“ и локација „ТУШ“).
  • Барање до МВР – СВР Куманово за исклучување од сообраќај и отстранување од јавни површини на мотокултиватори, од причина што истите, согласно законските регулативи, се земјоделски машини кои треба да се користат од субјекти со соодветна регистрирана дејност.
  • Да се проследат барања до Министерство за земјоделство, шумарство и водостопанство и до ЈП „Македонски шуми“ за соодветно третирање и заштита на борова шума во атар на с. Биљановце (локалитет „Студена Вода“) заради појава на молец „Боров четник“.
  • Препорака до ЈЗУ „Здравствен Дом“- Куманово за расчистување на тревни површини во склоп на нивен објект во близина на ООУ „Кочо Рацин“- Куманово.
  • Апел до граѓаните да не се опожаруваат стрништа и суви треви (особено во наредниот период), како и фрлање на отпушоци, за да не дојде до појава на пожари. Исто така, ОШЗС апелира да се пријават сите забележани пожари на отворени површини на дежурните телефони 193, 112 и 078365061.
Врати се на врвот
WP2Social Auto Publish Powered By : XYZScripts.com
Големина на фонт
Боја на контраст