Skip to content Skip to main navigation Skip to footer

ИЗВЕСТУВАЊЕ Од одржан седумдесет и петти состанок на Општински штаб за заштита и спасување, на ден 27.04.2021 година (вторник)

Денеска во просториите на Општина Куманово се одржа состанок на Општинскиот штаб за заштита и спасување во врска со преземање на активности и мерки од ширење на болеста COVID-19 (корона вирус). На состанокот претставниците од институциите дадоа информации за работата во време на COVID состојбата и беа донесени следниве препораки, заклучоци и мерки:
 Општинскиот штаб за заштита и спасување дава препорака до сите верски заедници на територија на Општина Куманово да при извршување на верските церемонии и групирање на граѓани во верските објекти се почитуваат препораките: носење на заштитна опрема, држење на дистанца од 2 метри, задолжително користење на средства за дезинфекција и мерење на температура на сите лица кои влегуваат во објектите.
 Апел до сите граѓани во пресрет на претстојните празници да ги почитуваат мерките, односно да нема групирање на јавни прометни површини и зелени паркови, како и на други локации во градот и да ги почитуваат сите мерки и препораки од Влада на Република Северна Македонија.

Врати се на врвот
WP2Social Auto Publish Powered By : XYZScripts.com
Големина на фонт
Боја на контраст