Skip to content Skip to main navigation Skip to footer

ИЗВЕСТУВАЊЕ Од одржан седумдесет и четври состанок на Општински штаб за заштита и спасување, на ден 20.04.2021 година (вторник)

Денеска во просториите на Општина Куманово се одржа состанок на
Општинскиот штаб за заштита и спасување во врска со преземање на
активности и мерки од ширење на болеста COVID-19 (корона вирус). На
состанокот претставниците од институциите дадоа информации за работата
во време на COVID состојбата и беа донесени следниве препораки,
заклучоци и мерки:
 Општинскиот штаб за заштита и спасување дава препорака до сите
верски заедници на територија на Општина Куманово да при
извршување на верските церемонии и групирање на граѓани во
верските објекти се почитуваат препораките: носење на заштитна
опрема, држење на дистанца од 2 метри, задолжително користење на
средства за дезинфекција и мерење на температура на сите лица кои
влегуваат во објектите. Дополнителен апел до сите граѓани за
почитување на мерките за движење во период на полициски час, не
групирање на јавни прометни површини и зелени паркови и други
локации во градот и сведување на контакти на минимум.
 Општинскиот штаб за заштита и спасување бара од Министерство за
здравство да организира итна и континуирана имунизација на
вработените лица во здравствените установи на територија на
Општина Куманово, како и на припадниците на ТППЕ Куманово, во
најкус можен рок, како приоритет, поради високиот степен на
изложеност од страна на овие лица и можен контакт со вирусот и
носители на вирусот.
 Општинскиот штаб за заштита и спасување бара од ЈП „Пазаришта“
Куманово, да се обезбедат услови за непречено работење на сите
пазари на територија на Општина Куманово, како и да се врши
контрола на мерките и препораките за заштита донесени од страна на
Влада на Република Северна Македонија и доколку се примети
непочитување, да се побара помош од Министерство за внатрешни
работи.

Врати се на врвот
WP2Social Auto Publish Powered By : XYZScripts.com
Големина на фонт
Боја на контраст