Skip to content Skip to main navigation Skip to footer

ИЗВЕСТУВАЊЕ Од одржан шеесетти состанок на Општински штаб за заштита и спасување, на ден 12.01.2021 година (вторник)

Оваа објава е достапна и на: sqAlbanian

Денеска  во просториите на Општина Куманово се одржа состанок на Општинскиот штаб за заштита и спасување во врска со преземање на активности и мерки од ширење на болеста COVID-19 (корона вирус) и во врска со зголемените врнежи на дожд. На состанокот беа донесени следниве препораки, заклучоци и мерки:

  • Со оглед на прелевањето на речните корита на реките Крива Река во делот на Јачинце и Довезенце и река Пчиња во делот на с.Пчиња, ОШЗС излезе со препорака до АД „Водостопанство Кумановско Липковско поле“ доколку имаат потреба од ангажирање на дополнителна механизација да достават Барање до Општина Куманово;
  • Потребно е ОШЗС да формира три члена комисија за утврдување на причините за излевање на реките од речните корита ;
  • ОШЗС препорачува граѓаните да ги почитуваат мерките за заштита од COVID 19 донесени од страна на Министерството за здравство и Комисијата за заразни болести.

 

 

 

Врати се на врвот
WP2Social Auto Publish Powered By : XYZScripts.com
Големина на фонт
Боја на контраст