Skip to content Skip to main navigation Skip to footer

ИЗВЕСТУВАЊЕ

Се известуваат сите жители на Општина Куманово дека рокот за пријавување на материјални штети предизвикани од пожарот, кој ја зафати територијата на Општината, поточно местата: Четирце, Сопот, Табановце, Зубовце, Клечовце, Мургаш, Довезенце, Новосељане, и Бељаковце, во период од 02.08.2021 година до 11.08.2021година ќе трае уште пет (5) дена,односно заклучно со 06.09.2021 и истите можат да ја пријават  штетата на своите култура и добра до Комисија за проценка на штетиод елементарни непогоди на Општина Куманово.

Притоа ги известуваме и останатите граѓани, кои веќе имаат поднесено Барање, а истото не е комплетирано со сите потребни документи, истите ќе бидат контактирани од страна на членови од Комисија за проценка на штети на Општина Куманово и е потребно во најбрз можен рок да ги достават документите.

Кон барањето потребно е да се достави:

Копија од лична карта со изјава за користење на лични податоци потпишана од барателот

Копија од трансакциска сметка

Копија од ИЛ, копија од договор за закуп или друг доказ за основ на користење на земјиштето опфатено со пожар.

За сите подетални информации лицата можат да се обратат во просториите на Општина Куманово.

Врати се на врвот
WP2Social Auto Publish Powered By : XYZScripts.com
Големина на фонт
Боја на контраст