Skip to content Skip to main navigation Skip to footer

ИЗВЕСТУВАЊЕ oд одржан триесет и четврти состанок на Општински штаб за заштита и спасување, на ден 20.04.2020 година (понеделник)

Оваа објава е достапна и на: sqAlbanian

Денеска по пат на конференциска врска се одржа состанок на Општинскиот штаб за заштита и спасување во врска со преземање на активности и мерки од ширење на болеста COVID-19 (корона вирус). На состанокот беа донесени следниве препораки, заклучоци и мерки:

  • Бараме од Влада на Република Северна Македонија, да обезбеди одредена количина на заштитни маски кои бесплатно ќе се достават до граѓаните на Општина Куманово, согласно донесените мерки за нивно задолжително носење.
  • Бараме од Влада на Република Северна Македонија, да обезбеди опрема со мегафони за известување кои ќе се користат за спроведување на најновите мерки .
  • Бараме од Влада на Република Северна Македонија, да се регулира начинот на доставување на негативните и позитивните резултати од тестирањето на COVID 19  (корона вирус) до граѓаните како и промптно информирање на ЦЈЗ Куманово и ОШЗС Куманово.
  • АпелдограѓанитедоОпштинаКумановодасепридржуваатсогласномерките и препоракитенаМинистерствозаздраство и ВладанаРепубликаСевернаМакедонијадасеоднесуваатодговорноспремасебе и спремадругитеоколунив.

 

НАПОМЕНА:

– Штабот останува на сите досегашни барања, препораки и сугестии упатени до Владата на РСМ и сите други државни институции и комисии.

 

 

 

Општина Куманово

                   Градоначалник,

 

                                                           ____________________

                                                           Максим Димитриевски

Врати се на врвот
WP2Social Auto Publish Powered By : XYZScripts.com
Големина на фонт
Боја на контраст