Skip to content Skip to main navigation Skip to footer

Изложба на дела од Ликовна Колонија “Куманово 2020” во НУ Музеј Куманово

Вечерва  во НУ Музеј Куманово, во салонот на галеријата  се одржа отворање на Изложба на дела од Ликовна Колонија Куманово 2020

10 уметници од целата држава твореа во техника масло на платно и акрил на платно во текот на месец август 2020 година во своите ателјеа поради состојбата со Ковид -19.

На оваа колонија уметниците создадоа 20 уметнички дела, а дел од нив ќе имате можност да ги погледнете на  оваа изложба до крајот на месец август.

Оваа ликовна колонија е под покровителство на Градоначалникот и Советот на општина Куманово и Министерството за култура на Република Северна Македонија преку НУ Музеј Куманово, а во реализација на Фондација за култура и спорт Куманово.

 

Врати се на врвот
WP2Social Auto Publish Powered By : XYZScripts.com
Големина на фонт
Боја на контраст