Skip to content Skip to main navigation Skip to footer

Кинолошки викенд на градскиот кеј

Оваа објава е достапна и на: sqAlbanian

Во рамките на кинолошкиот викенд (18.09.-сабота и 19.09.-недела), на спортските терени на градскиот кеј, се одржаа 5-та и 6-та државна изложба во убавина на расни кучиња од сите раси и две специјализирани клупски изложби за третта и деветта група на кучиња. Организатор на државните изложби е кинолошко друштвоКинолог-Куманово, на специјализираните изложби се Бултериер клуб-Куманово и Македонски клуб на пудли-Куманово. Општина Куманово, како и минатата така и оваа година, дава поддршка на настанот. На натпреварот на расни и кучиња со педигре во убавинаучесниците беа од: Македонија, Косово, Србија, Бугарија, Полска, Франција, Ирска и Велика Британија, кои ги оценуваа пет интернационални судии од Р Србија и пет судии од Македонија.Градоначалникот на Општина Куманово Максим Димитриевски присуствуваше на настанот. Со помош и поддршка на Општина Куманово, во процес на реализација е изградба на игралиште за кучиња во Куманово.


Врати се на врвот
WP2Social Auto Publish Powered By : XYZScripts.com
Големина на фонт
Боја на контраст