Концерт на Филип Стевановски бенд

Оваа објава е достапна и на: sqAlbanian

По повод десет години јубилеј на Филип Стевановски бенд, вечерва (30.04.2018 година,понеделник) во салата на Занаетчиски Дом  со почеток во 20.00 часот ќе се одржи џез концерт.

Овој концерт е  прв концерт од Македонската турнеја на Филип Стевановски бенд и е проект на Министерство за култура од областа на фолклорот, музичката и музичко-сценската дејност, а под покровителтво на Градоначалникот, Советот на Општина Куманово и Фондација за култура и спорт на Општина Куманово.

Она што ќе може Кумановската публика да го слушне  е афирмирање на авторска џез музика и етно џез музика со примеси на Македонскиот фолклор и македонскиот карактеристичен ритам, како и запазување на традицијата на Македонската традиционална музика и македонските евергрини.

Врати се на врвот
Големина на фонт