Литературна средба – Македонскиот јазик и Блаже Конески

Оваа објава е достапна и на: sqAlbanian

ЈОУ Библиотека „Тане Георгиевски“ – Куманово во соработка со Градоначалникот и Советот на Општина Куманово, организираат литературна средба – Македонскиот јазик и Блаже Конески.

На програмата е промоција на две книги посветени на Блаже Конески од авторот Проф.Др. Вера Стојчевска Антиќ. Промотор на книгата ќе биде Проф.Др. Димитар Пандев. На настанот предвидена е интерпретација на извадоци од книгите, музички точки, како и обраќање на авторот на книгите Проф.Др. Вера Стојчевска Антиќ. Настанот ќе се одржи на 2-ри март (Петок), во Занаетчиски дом – Куманово, со почеток во 12:00ч.

Врати се на врвот
Големина на фонт