Skip to content Skip to main navigation Skip to footer

Меѓународна велосипедска трка на локалитет Студена вода

Во организација на Велосипедски клуб “Кросс Сајклинг Тим”-Куманово, под  покровителство на градоначалник и Совет на Општина Куманово и соработка со Општински сојуз на спортови, денеска на локалитет Студена вода се одржа  меѓународен натпревар во планински велосипедизам. Учествуваа велосипедисти од: РСМ, Србија, Црна Гора, Словенија, Словачка, Романија, Бугарија, Грција и Франција. Ова е 5-та велосипедска трка, која се одржува во Куманово, а прва од највисок ранг-C1 трка, меѓународна велосипедска трка, вметната во календарот на Велосипедската федерација на РСМ. Учесниците ќе добијат меѓународни UCI поени за пласман на Олимпијада. На трката присуствуваше градоначалникот на Општина Куманово Димитриевски.

Врати се на врвот
WP2Social Auto Publish Powered By : XYZScripts.com
Големина на фонт
Боја на контраст