Новиот јапонски Амбасадор во посета на Општина Куманово


Денеска Градоначалникот Зоран Дамјановски оствари работна средба со Кеико Ханеда, новиот Амбасодор на Јапонија, со Луиза Винтон, постојан преставник на UNDP и Министерот за животна средина и просторно планирање Садула Дураку.Ова е прва средба на Градоначалникот со новата Амбасадорка на Јапонија. Акцентот на денешната средба беше ставен на отпочнување со градежните работи на Липковска река за реализирање на проектот финансиран од сите спомнати страни.