Оглас за прибирање на понуди (Екскурзии- СОУ ,,Перо Наков ”)

Врз основа на Правилникот за начинот на изведување на училишни екскурзии на учениците од средните училишта, бр. 07-9992/3 од 05.06.2014 год. на Министерот за образование, Средното општинско училиште „Перо Наков“ од Куманово, распишува

 

ЈАВЕН ОГЛАС ЗА ДОСТАВУВАЊЕ ПОНУДА ЗА ЗАВРШНА ЕКСКУРЗИЈА

Во согласност со Годишната програма за работа на СОУ „ПероНаков“, Куманово за учебната 2017/2018 година, Комисијата за прибирање на понуди за избор на најповолен понудувач за спроведување на завршна ученичка екскурзија објавува јавен оглас односно покана за доставување на писмени понуди за организирање на повеќедневна завршна екскурзија за учениците од трета година во паралелки на албански наставен јазик:
Опис на услугата:

Четиридневна екскурзија со три ноќевања на база на полнпансиони, во период на месец , мај 2018 год. и ќе бидат опфатени следните дестинации: Драч,Круја и Тирана.

Детален опис на услугата е даден во документација со инструкции за понудувачите и Програма за завршна екскурзија која може да се подигне од архива на училиштето секој работен ден од 08-14 часот.

Писмените понуди (посебно за секоја екскурзија односно слободна активност)треба да бидат изработени и доставени согласно барањата наведени во огласот,и во истите треба да се наведе: поединечната цена по ученик,условите за сместување и превоз, начинот на плаќање, водич,број на наставници и лекар, поволности за ученици кои потекнуваат од социјално загрозени семејства.

Писмените понуди не треба да содржат алтернативни решенија, односно треба да бидат изработени конкретно и согласно барањата дефинирани во описот на услугата која е дел од поканатa за доставување на понуда.

Понудата која содржи дополнителни елементи или услуги нема да има предност при евалуација на истата.

Цените во понудите мора да бидат фиксни,односно не е дозволена корекција на цените во текот на реализација на договорот.

Понудувачите треба да ги исполнуваат следните минимум критериуми:
– да е регистриран согласно позитивните прописите Република Македонија за вршење на туристичка дејност;
– има успешно реализирано најмалку три ученички екскурзии во последните три години;
– ги исполнува условите за превоз на групи деца, согласно Законот за безбедност на сообраќајот на патиштата и Правилникот за посебни технички барања на возилата со кои се превезуваат групи на деца.

Понудата на понудувачот кој не ги исполнува минималните услови ќе биде одбиена од Комисијата како неприфатлива. Некомплетните и ненавремени понуди нема да бидат предмет на разгледување.

Критериум за доделување на договор за изведување на екскурзијата е најниска цена.
-На денот на потпишувањето на Договорот избраниот понудувач доставува банкарска гаранција во висина од 5% од вкупната вредност на договорот.
Јавниот оглас трае 5 работни дена од денот на објавувањето
Заинтересираните туристички агенции писмените понуди ги доставуваат до СОУ „Перо Наков“, ул. „Пиринска Македонија“ бр. 4, Куманово со назнака „За Комисијата за прибирање на понуди“.

За подетални информации понудувачите можат да се обратат на телефон 031/ 424-380.

Претседател на Комисија за прибирање на понуди

Назиф Зимбери

Врати се на врвот
Големина на фонт